8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропските берзи зајакнаа откако лидерите на ЕУ постигнаа договор за нов пакет...

Европските берзи зајакнаа откако лидерите на ЕУ постигнаа договор за нов пакет помош

Претседателот на самитот и претседателот на Европскиот совет, Чарлс Мишел, го напиша зборот „Договор“ на Твитер, вечерта во 3,15 часот по средноевропско време, набргу откако 27-те лидери конечно постигнаа договор на пленарната сесија, пренесува Reuters.

Индексите на европските берзи за фјучерсите пораснаа утрово, откако лидерите на Европската унија постигнаа „историски“ договор за огромен стимулативен план за враќање на нивните економии погодени од кризата предизвикана од пандемијата од коронавирус.

Европскиот индекс за фјучерсите EuroStoxx 50 порасна за 0,5 проценти, додека германскиот DAX и лондонскиот FTSE терминските индекси зајакнале за 0,7 и 0,4 проценти, соодветно.

Покрај тоа, надежите за постигнување европски договор и позитивните податоци од голем број компании кандидати за пронаоѓање вакцина против вирусот COVID-19 го поттикнаа порастот на паневропскиот индекс STOXX 600 во понеделникот, додаде британската агенција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП