20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРечиси третина од Европејците не можат да си дозволат еднонеделен одмор

Речиси третина од Европејците не можат да си дозволат еднонеделен одмор

Речиси третина од жителите на земјите-членки на Европската унија постари од 16 години минатата година не биле во можност да финансираат еднонеделен одмор надвор од местото на живеење, објави Eurostat.

Сепак, Европското биро за статистика наведува дека овој процент се намалува од 2010 година, кога изнесуваше 39 проценти.

Меѓутоа, сега се очекува падот на тој тренд да престане, поради одложувања и затворање на границите со цел спречување на епидемијата од коронавирус.

Меѓу земјите членки на ЕУ, Романија забележа најголем удел во бројот на лица кои се наоѓаат во таа ситуација, со оглед дека дури 54 проценти од Романците не можат да си дозволат еднонеделен одмор.

Грците се на второто место, со 49 проценти, потоа следат граѓаните на Хрватска со удел на населението за еден процент пониско 48, Кипар со 45 проценти и Италија со 44 проценти.

Меѓу земјите со најмал удел на жители кои не можеле да финансираат годишен одмор се: Шведска со 10 проценти, Данска и Луксембург со 11 проценти, Финска со 12 проценти, Германија и Австрија со 13 проценти.

Во споредба со 2010 година, бројот на луѓе кои не можат да си дозволат одмор опаѓа во сите членки, освен Италија и Грција, а најбрз пад е забележан во Латвија, Малта, потоа Бугарија, Полска и Естонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП