7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранција нема да се приклучи на глобалната забрана за Huawei опрема

Франција нема да се приклучи на глобалната забрана за Huawei опрема

Франција нема да биде дел од глобалното движење за забрана на Huawei да гради 5G мрежа, изјави денеска министерот за економија и финансии Бруно Ле Мер, објави Reuters.

Министерот истакна дека интересите на Франција на тој начин секако ќе бидат заштитени, а дека Париз ќе посвети посебно внимание на чувствителните места од стратешко значење кои треба да ги заштити.

Ле Мер го повтори својот став дека Франција нема да дискриминира ниту една компанија во поглед на телекомуникациските мрежи и коментира дека Huawei сочинува 30 проценти од 4G инфраструктурата на земјата.

Иако нема да има забрани, француската агенција за сајбер безбедност ANSSI ги советува француските телекомуникациски компании да ја избегнуваат опремата на кинескиот технолошки гигант.

Според Reuters, одлуката на француската агенција во врска со Huawei опремата е од клучно значење за две од четирите телекомуникациски компании во оваа земја, Bouygues Telekom и SFR, затоа што во моментов околу половина од нивната мрежа е составена од опрема од кинеската технолошка групација.

Францускиот министер исто така ја осуди Кина поради наводна злоупотреба на малцинското муслиманско население.

Американски експерти и активисти велат дека во центрите за притвор во Ксинџијанг има најмалку милион етнички ујгури и други муслимани.

Кина ги опишува како „центри за обука“ кои помагаат да се запре тероризмот и екстремизмот.

Владата на САД ги советуваше своите НАТО сојузници да ја исклучат кинеската фирма од идните планови за изградба на телекомуникациска мрежа на следната генерација, тврдејќи дека Пекинг би можел да користи Huawei опрема за шпионажа.

Huawei ги негира овие и слични обвинувања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП