18 јуни, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈА"Кршеле човекови права": САД додадоа 11 кинески компании на црната листа

“Кршеле човекови права”: САД додадоа 11 кинески компании на црната листа

Министерството за трговија на САД додаде 11 кинески компании на економската црна листа, поради наводна вмешаност во кршење на човековите права на Ујгурите во Ксинџијанг.

Министерството соопшти дека компаниите биле вклучени во користење на присилна работа на Ујгурите и другите муслимански малцински групи, објави синоќа Reuters.

Компаниите од црната листа не можат да купуваат компоненти од американски компании без американско одобрение од владата на САД.

Ова е трета група на компании, по два круга во кои администрацијата на Трамп изјави дека 37 компании биле вклучени во кинеската репресија во Ксинџијанг.

Кинеската амбасада во Вашингтон не даде коментар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП