19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЏеф Безос секој час од својот живот досега заработувал по 230.000 долари

Џеф Безос секој час од својот живот досега заработувал по 230.000 долари

Работничкиот фронт од Загреб напишаа на Facebook за богатството на Џеф Безос, основачот на Amazon и најбогатиот човек на светот.

Тие во објавата ја пресметале неговата саатница, така што, меѓу другото, зеле во предвид дека тој поминува десет минути во тоалет. Во тоа време, пишуваат од Работничкиот фронт, заработува колку и некој на работ на сиромаштија во 50 години.

„Со оглед на сегашното богатство на Џеф Безос и неговата возраст, колку ќе биде неговата саатница? Излегува дека во неговиот 56-годишен живот секој час заработувал по 230.000 долари. Не секој работен час, секој час од животот, и како дете и како ученик и како возрасен“.

Минималната саатница во САД изнесува 7,25 долари. Лицето со минимална плата мора да работи 31.772 работни часови, т.е. околу 11 години (ако работи по 8 часа на ден), да заработи онолку колку што заработува Безос во еден час.

„Ако Безос оди во тоалет и остане таму 10 минути, тој за тоа време заработува колку и човек кој живее на работ на сиромаштијата (2 долари на ден) за време на 50 години“, пишува Работничкиот фронт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП