6 октомври, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИ во услови на пандемија, ИОРРМ и КПРСМ продолжуваат со едукација и...

И во услови на пандемија, ИОРРМ и КПРСМ продолжуваат со едукација и обука

Во текот на минатата недела на 16 и 17 јули во зградата на Едукативниот Центар М6 се одржа Конференција на тема „Примена на приходната метода во проценките и финансиската анализа“, во заедничка организација на Институтот на овластени ревизори на Македонија (ИОРРМ) и Комората на проценувачи (КПРСМ). Целта на настанот беше да понуди дополнително знаење и да им помогне во професионалното усовршување на сите заинтересирани овластени ревизори и проценувачи во земјата.

Конференцијата беше отворена со потпишување меморандум за соработка помеѓу ИОРРМ и КПРСМ, со цел подигнување на повисоко ниво на професијата овластен ревизор и проценувач, промовирање на стручноста и знаењето на членовите, и обезбедување повисока достапност на професионална и практична обука за ревизија и проценување.

Имајќи ја предвид моменталната ситуација со Covid-19 и согласно мерките на Владата, физичкото присуство на настанот беа во ограничен број, а сите останати заинтересирани можеа да го следат настанот онлајн.

Првиот ден присутните го слушнаа предавањето на Симон Аврамовски на тема „Користење на јавно достапни информации при вршење на процени“, како и „Финансиска анализа како инструмент во постапките на процена и финансиска ревизија“ на предавачот Проф. д-р. Александар Наумовски. Вториот ден присутните имаа можност да ги проследат предавањата на Ирина Аврамска Пашовска и Душан Димитров, на тема „Примена на приходнатa метода во проценка на недвижности со посебен осврт на ТЕГОБА стандардите“, и „Сметководствени политики на евидентирање на основни средства и импликации при книжење на процени“.

Активностите завршија со панел дискусија на тема „Актуелни аспекти и заеднички предизвици на ревизорската и проценителската професија“, во која учествуваа Драган Димитров (Претседател на ИОРРМ), Антонио Георгиев (Претседател на КПРСМ) и предавачите од изминатите два дена.

И покрај отежнатите услови, ИОРРМ и КПРСМ успеаја да ја организираат оваа обука, која предизвика голем интерес кај нивното членство но и пошироко, со околу 300 учесници на настанот. Преку ваквите настани, тие имаат за цел да го прошират и подобрат знаењето на овластените ревизори и проценувачи во земјата, како и да понудат квалитетно професионално усовршување за нив.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП