2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААзиските пазари се опоравуваат

Азиските пазари се опоравуваат

На азиските берзи, цените на акциите се зголемија, како и на Wall Street претходниот ден, бидејќи инвеститорите се надеваат на нови стимулативни економски мерки и можна вакцина против коронавирусот.

MSCI индексот на азиско-пацифичките акции, без јапонскиот, беше околу 7,00 часот во плус 1,5 проценти, близу до рекорд за четири месеци.

На берзата во Токио индексот Nikkei зајакна за 0,8 проценти, додека цените на акциите во Шангај, Сингапур, Јужна Кореја, Хонг Конг и Австралија се зголемија помеѓу 0,1 и 1,9 проценти.

Азиските инвеститори беа охрабрени од вчерашниот раст на цената на акциите на Wall Street, како и од рекордниот досег на индексот Nasdaq.

Ова во најголем дел се должи на надежта дека наскоро ќе биде развиена вакцина против коронавирусот бидејќи неколку проекти даваат ветувачки резултати.

Доларот ослабе

И на девизните пазари, доларот ослабе утрово. Неговиот индекс, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, се движи околу 95,70 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 96,13 поени.

Во исто време, курсот на доларот во однос на јапонската валута се спушти од вчерашните 107,35 на 107,15 јени.

Американската валута ослабе и во однос на европската валута, па цената на еврото достигна 1,1430 американски долари, што е близу до највисоките нивоа за четири месеци, додека вчера во ова време изнесуваше 1,1415 долари.

Цените на нафтата, од друга страна, утрово се зголемија малку. На лондонскиот пазар цената на барелот зајакна за 0,10 проценти, на 43,35 долари, додека на американскиот пазар, барелот се зголеми за 0,15 проценти на 40,87 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП