23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБрз раст на вредностите на златото и среброто

Брз раст на вредностите на златото и среброто

Државите користат различни пристапи за ефикасно управување со огромните расходи кои се потребни за рестартирање на економијата.

Огромна сума на капитал протече низ централните банки и нивната многу флексибилна монетарна политика.

Како резултат на тоа, сведоци сме на зголемување на цените и на златото и на среброто. Од први јуни, кога златото се тргуваше по пониски цени од 1.671 на сегашните 1.812 долари, цената за унца на злато се зголеми за околу 125 долари, што е околу 6,9 проценти од нето-добивката за околу еден месец и половина.

Само во последните четири месеци, унцата на злато ја зголеми цената на светските пазари за скоро една четвртина, од околу 1.475 долари на крајот на март на повеќе од 1.810 американски долари. Највисоката номинална цена на златото беше постигната на крајот на 2011-та година.

Среброто исто така го искористи моментумот. Во првата недела од јуни се тргуваше со 17,55 долари, а во моментов цената изснеува 19.745 долари. Среброто порасна за 2,20 долари во последните седум недели, или 11,1 процент од неговата вредност во ова многу кратко време. Повеќе од половина од производството на сребро оди во индустријата, претежно во соларниот сектор.

Фундаментите кои драстично ја зголемија цената на златото и среброто веќе создадоа неопходно опкружување, па така скапоцените метали ќе продолжат да растат и можеби да достигнат рекордни цени.

Сигурно е дека последиците од пандемијата ќе траат подолго доколку вакцината не се открие. Исто така е јасно дека резултатот од големите расходи на државите ширум светот, кои имаат за цел да им помогнат на своите граѓани и да ја стимулираат економијата, па ќе има негативни ефекти во наредните години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП