2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА26 луѓе побогати од половина свет

26 луѓе побогати од половина свет

Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш повика на отстранување на глобалните нееднаквости, дополнително изразени среде пандемијата од коронавирус, оценувајќи дека светот се наоѓа на пресвртна точка.

– Коронавирусот се споредува со ренген кој открива фрактури во кревкиот скелет на општествата кои ги изградивме – изјави Гутереш на годишното предавање по повод роденденот на поранешниот претседател на Јужна Африка, Нелсон Мандела.

Гутереш изјави дека кризата предизвикана од пандемијата насекаде открива лажни убедувања: „лагата дека слободните пазари можат да обезбедат здравствена заштита за сите, фикцијата дека неплатената нега не е работа, илузија дека живееме во пост-расистички свет, мит дека сите сме во ист брод“.

Додаде дека развиените земји биле силно посветени на сопствениот опстанок и дека „не успеале да ја испорачаат поддршката потребна поради помош на земјите во развој во ова опасно време“.

Гутереш ги критикуваше огромните нееднаквости во богатството, но и другите, поврзани со расата, полот, класата и местото на раѓање.

– Најбогатите 26 луѓе во светот имаат богатство како половина од светската популација – изјави генералниот секретар на ООН.

– Нееднаквоста започнува на врвот, во глобалните институции. Решавањето на проблемот со нееднаквоста мора да започне со нивна реформа – истакна Гутереш.

Тој понуди некои решенија, велејќи дека е потребна нова генерација на социјална заштита, вклучително и универзална здравствена заштита, а можеби и универзален основен приход.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП