26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНадежта за договор на ЕУ лидерите околу фондот за закрепнување го поддржа...

Надежта за договор на ЕУ лидерите околу фондот за закрепнување го поддржа курсот на еврото

Курсот на еврото на меѓународните пазари во понеделникот ослабе од највисокото ниво за четири месеци, откако претседателот на Европскиот совет, Чарлс Мишел изјави дека фондот за опоравување може да содржи 390 милијарди евра наповратни средства.

Еврото околу пладне се тргуваше по 1,1446 долари, што значи дека зајакна за 0,2 проценти во однос на затворањето на тргувањето во петокот. Во текот на утрото, го достигна највисокото ниво во 19 недели од 1,1467 долари.

Лидерите на 27 земји-членки на ЕУ постигнаа напредок по три дена преговори на самитот во Брисел, но договор сè уште нема за тоа како да се распределат средствата од фондот за обновување за земјите погодени од коронакризата, колку во форма на грантови и колку во форма на заеми. Според првичните планови од фондот за опоравување предложен во износ од 750 милијарди евра, 500 милијарди евра би биле доделени во форма на грантови, а преостаниот износ во заеми.

Самитот на ЕУ според првичниот план, требаше да трае два дена, но фактот дека преговорите влегоа во четвртиот ден е потврда дека лидерите на земјите од ЕУ се подготвени да направат се што е потребно за да се одржи единството во еврозоната, оцени Џeјн Фоли, висока валутна аналитичарка во Rabobank.

Некои добри вести веќе се вклучени во цената на еврото, но се чини дека му беше тешко да остане над нивото од 1,1460 долари ова утро, додава таа.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најзначајни светски валути, во вакви околности изнесуваше 95,95 поени, што значи дека тој остана непроменет во однос на нивоата забележани на завршетокот на минатонеделното тргување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП