20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИ во време на лоша економија може да се реализира сонот

И во време на лоша економија може да се реализира сонот

И покрај рецесијата, моментот е добар за започнување на бизнисот од вашите соништа, се вели во книгата на Гај Кавасаки, познатиот претприемач и автор на книгата „Уметноста на почетокот“. Оправдувањето за ваквото тврдење, Кавасаки го гледа во намалената конкуренција на глобалниот пазар, која создава подобра шанса за нови идеи и луѓе кои сакаат да инвестираат во нешто што е навистина потребно во светот.

Исто така, поради рецесијата, се намалуваат цените на повеќе продукти, па затоа полесен е начинот да започнете нешто ново. Предизвикот е голем, но се исплати доколку постои одличен деловен план и доволно голема желба за остварување на проектот. Упорноста, интелегенцијата, креативноста и раличноста на квалитетите се работите кои се ценат.

-Во ова време луѓето се откажуваат од несериозните производи и се свртуваат кон квалитетот, вели Гај Кавасаки.

Волонтирањето им помага на сите

Преку волонтерството лесно ќе запознаете нови луѓе и ќе добиете повеќе идеи. Доколку сметате дека можете ова да си го дозволите, пробајте и уверете се.

Идеите носат пари

Доколку немате доволно пари за да го започнете вашиот бизнис, претставете ја вашата идеја на интернет и продадете ја.

-За секоја нова идеја изберете духовито име кое лесно се памети и кое ќе ги привлече вашите клиенти, вели Кавасаки.

Учењето е вложување во иднината

Кога сте без работа, најлесен е начинот да западнете во депресија и апатија. Но, подобро е да вложите нешто во вашата иднина. Запишете се на курс за странски јазик, посетете курс за бизнис, менаџмент или претприемништво, запишете се на втор факултет или завршете ги постдипломските студии, ова во ниеден случај нема да се покаже како безвредно, бидејќи при процесот на учење вложувате во вашата иднина.

Распределете ги вашите цели

За да ги остварите соништата, добро е да одредите реални и остварливи цели во животот. Ако некој дел за вас е особено тежок, поделето го на помали делови кои полесно ќе ги поминете и вложете го целиот свој труд. Верувајте, се во животот се исплати. Најважно е искуството кое ќе го стекнете, тоа ќе биде вашиот најголем охрабрувач во иднина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП