27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОваа држава ги покрива трошоците на туристите доколку се заразат со Ковид-19

Оваа држава ги покрива трошоците на туристите доколку се заразат со Ковид-19

Узбекистан одлучи да привлече туристи за време на пандемијата ветувајќи им на посетителите целосна исплата на пари доколку се заразат со болеста Ковид-19 во оваа земја.

Владата на оваа земја соопшти дека секој турист кој ќе се зарази со новиот коронавирус во земјата, ќе добие 4.660 долари за да ги покрие медицинските трошоци во тамошните болници.

Узбекистан ги отвори своите граници за прв пат од затворањето во март.

„Сакаме да ги убедиме туристите дека можат слободно да дојдат во Узбекистан. Владата е толку уверена дека новите мерки за безбедност и хигиена што се спроведуваат низ туристичкиот сектор ќе ги штитат туристите од  ковид-19, а притоа Претседателот е подготвен да ги обезбеди средствата за нивно лекување. Ако се заразите од Ковид-19 за време на одморот во Узбекистан, ние ќе ви го надоместиме трошоците – рече амбасадорот Софи Ибсон.

Узбекистан, поранешната советска република, станува сè попопуларена кај патниците поради неговите интригантни антички градови кои беа клучни точки на патот на свилата, заедно со своите спектакуларни мавзолеи, џамии и медреси.

Многумина веруваат дека Узбекистан, заедно со Киргистан, Таџикистан и остатокот од Централна Азија, е една од најинтересните дестинации што треба да ја посетите оваа година токму заради подобрените можности за безвизно патување.

Во Узбекистан, вкупниот број на заразени со Ковид-19 е околу 15.000, од ​​кои само 75 случаи завршиле со смрт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП