28 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes го откри моделот S63 AMG

Mercedes го откри моделот S63 AMG

s

По краткото видео, „Mercedes“ ги објави фотографиите и техничките детали за новата генерација на моделот „S63 AMG“.

„Mercedes S63 AMG“ претставува спој на врвна лускузна лимузина и спортски карактеристики кои ги поседуваат „AMG“ моделите.

Типичните „AMG“ стилски елементи почнуваат од агресивниот преден браник, па продолжуваат со аеродинамичните додатоци на праговите на автомобилот и со специјално дизајнираните 19 инчни алуминиумски фелни, а завршувајќи со задните четирикратни издувни цевки.

s1

Во „Mercedes“ велат дека новиот „S63 AMG“ во однос на претходникот е полесен за 100 килограми. За намалувањето на масата највеќе допринеле полесните фелни, акумулаторот и системот за сопирање.

Во изработката на каросеријата користен е алуминиум, вклучувајќи го предниот дел од школката и покривот, додека делот каде што стои резервната гума е изработен од јаглеродни влакна.

Како резултат на сето тоа, масата на празно возило со пократко меѓуосовинско растојание изнесува 1.970 kg, додека моделот со поголемо растојание е тежок 1.995 kg.

s2

Елегантната внатрешност на стандардната S класа е прилагодена со спортските атрибути на AMG автомобилот, што најдобро се рефлектира низ изборот на бои и материјали. Доминираат црната и графитната боја, како и кожата, алуминиумот и материјалите од јаглеродни влакна.

Срцето на новиот „Mercedes S63 AMG“ е 5.5 литарски Bi-turbo мотор со директно вбризгување кој на оваа верзија и помага да развие 436 kW / 593 ks и да располага со максимален вртежен момент од 900 Nm. Дури и на вака моќниот автомобил водено е сметка за економичноста и загадувањето, па така „S63 AMG“ е опремен со „ECO stop/start“ системот.

Моторот е поврзан со седумстепен „AMG SPEEDSHIFT MCT“ менувач кој има три начини на работа: “C” (Controlled Efficiency), “S” (Sport) и “M” (Manual).

Кога станува збор за перформансите, автомобилот ја оправдува својата репутација. Oд 0 дo 100 km/h забрзува за 4.4 секунди.

Максималната брзина на овој модел е ограничена електронски на 250 km/h.

s3

Моделите со погон на задни тркала просечно трошат 10 l/100 km, a кај верзијата „4MATIC“ потрошувачката на гориво се искачува на 10.3 l/100 km.

Како и стандардната Ѕ класа и на моделот „S63 AMG“ има многубројни современи технолошки решенија, а го издвојуваме системот „Magic Body Control“ кој користи специјална камера инсталирана во шофершајбната и која ја снима конфигурацијата на патот пред возилото.

Врз основа на собраните податоци системот автоматски го подесува наслонувањето и прилагодувањето на патот по кој возилото се движи.

„Mercedes S63 AMG“ за 2014-та официјална премиера ќе има на саемот во Франкфурт, а во продажба ќе се најде до крајот на 2013-та година. Цената за овој модел ќе биде дополнително објавена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП