3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Maserati“ го претстави својот прв хибриден модел – „Ghibli Hybrid“ (ФОТО+ВИДЕО)

„Maserati“ го претстави својот прв хибриден модел – „Ghibli Hybrid“ (ФОТО+ВИДЕО)

„Maserati“ дискретно ја редизајнираше својата луксузна спортска лимузина, а со тоа го означи пристигнањето на новата верзија – „Ghibli Hybrid“.

Станува збор за 48-волтен „благ“ хибриден погонски систем во чија основа е 4-цилиндарски 2.0-литарски турбо-бензинец.

Автомобилот располага со 330 KS и 450 Nm, што е доволно „Ghibli Hybrid“ oд 0 дo 100 km/h да забрза за 5,7 секунди, пред да ги достигне максималните 255 km/h.

„Maserati“се пофали дека хибридната верзија е полесна од „Ghibli“ со дизел мотор за 80 kg, a во компанијата велат дека овој автомобил е „совршен компромис помеѓу перформансите, ефикасноста и задволството при возењето“.

Со цел да се постигне подобра респределба на масата по осовините, батеријата се наоѓа во задниот дел од возилото..

Тоа што станува збор за 4-цилиндарски мотор и хибриден систем не значи дека возачот нема да може да ужива во звукот на погонската единица, како во останатите модели на „Maserati“.

Имено, производителот го оптимизираше издувниот систем со помош на специјални резонатори постигна хибридот да звучи како класичен спортски автомобил.

Кога станува збор за потрошувачката, „Maserati“ тврди дека, според „WLTP“ стандардот, овој автомобил во комбиниран режим на возење троши скромни 8,5-9,6 l/100 km.

„Maserati Ghibli Hybrid“ претставува само првиот чекор во најавената електрификација на моделите на овој италијански производител.

Покрај хибридните, компанијата го планира и првиот целосно електричен автомобил, a станува збор за новите „GranTurismo“ и „GranCabrio“, кои треба да пристигна во 2021-ва година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП