27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗабрзува инфлацијата во ЕУ, а со тоа поскапеа храната, алкохолот и тутунот

Забрзува инфлацијата во ЕУ, а со тоа поскапеа храната, алкохолот и тутунот

Годишната инфлација во еврозоната во јуни, месец во кој постепено беа укинати многу рестриктивни мерки поврзани со Ковид-19, изнесува 0,3 проценти, што е забрзување во однос на мајската стапка од 0,1 процент, објави Европската статистичка служба – „Евростат“.

Во истиот месец минатата година, растот на цените на потрошувачите во еврозоната беше 1,3 проценти на годишно ниво.

Инфлацијата во Европската унија забрза на 0,8 проценти во јуни 2020 година, од 0,6 проценти во мај. Една година порано, таа стапка беше 1,6 проценти, според податоците на „Евростат“.

Дефлација во јуни е регистрирана на годишна основа во Кипар (-2,2 проценти), Грција (-1,9) и Естонија (-1,6), додека највисоки стапки се забележани во Полска (3,8 проценти), Чешка (3,4) и Унгарија (2,9).

Споредено со мај, инфлацијата паднала на годишно ниво во седум земји-членки на ЕУ и се зголемила за дваесет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП