25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРаботата надвор од канцелариите ќе стане постојана

Работата надвор од канцелариите ќе стане постојана

Индустрискиот конгломерат Simens планира трајно да им овозможи на повеќе од 140.000 свои вработени да работат надвор од канцеларија два или три дена во неделата.

Компанијата со седиште во Минхен соопшти дека кризата предизвикана од коронавирусот „покажала дека работата не зависи од фиксната локација, нуди многу предности и дека е можна во многу поширок обем отколку што првично се сметаше“, пренесува агенцијата AP.

Во соопштението се вели дека истражувањата спроведени меѓу вработените во Simens ширум светот покажале желба за поголема флексибилност.

Најавениот план се однесува на повеќе од 140.000 вработени на над 125 локации во 43 земји и ќе стапи во сила веднаш, според Simens.

Компанијата посочи дека нејзиниот концепт за „мобилна работа“ не мора да значи работа од дома, но дека вработените во консултација со претпоставените „ќе одберат локации за работа на кои се најпродуктивни“.

Ова, на пример, може да биде и некој простор каде што неколку од нив ќе работат заедно (coworking).

Simens вели дека нивниот нов пристап ќе биде усогласен со локалните законски барања, барања на одредени работни места и индивидуалните желби.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП