4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВластите апелираат жителите на Барселона да останат дома

Властите апелираат жителите на Барселона да останат дома

Властите во шпанскиот регион Каталонија во петокот ги повикаа жителите на Барселона да останат дома и да не се собираат во групи поголеми од 10 луѓе за да се борат со растот на заразени со коронавирус, јавуваат локалните медиуми.

Портпаролот на регионалната влада, Мериткел Будо, исто така препорача луѓето во вториот по големина шпански град и неговата метропола да не патуваат надвор од градот овој викенд, бидејќи се покажало дека во Каталонија во текот на претходните 24 часа биле регистрирани 1111 нови заразени.

Будо исто така изјави дека социјалните собири ќе бидат ограничени на десет лица, додека капацитетот на баровите и рестораните ќе биде намален.

Но, владата официјално не воведе задолжителен карантин за таа областа, тврдејќи дека новите препораки се насочени кон избегнување на таков драстичен чекор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП