24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПредупредувачки резултати на најголемите американски банки

Предупредувачки резултати на најголемите американски банки

Во изминатиот месец, светските берзи пораснаа за пет проценти, при што најдобро се покажаа германскиот индекс DAX и американскиот индекс на претежно технолошки компании NASDAQ кои пораснаа по седум проценти.

Оваа недела започна објавувањето на деловните резултати од вториот квартал од оваа година. Меѓу првите, како и обично, известија најголемите американски банки JP Morgan, Citigroup, Goldman Sachs и Wells Fargo.

Американските банки во вториот квартал забележаа просечен пад на кредитирањето на домаќинствата од седум проценти, додека сите забележаа раст на инвестициското банкарство, како и на тргувањето, бидејќи инвеститорите исто така тргуваа повеќе поради зголемена нестабилност на пазарот во однос на истиот период минатата година. Тоа доведе до повеќе брокерски провизии собрани во банките.

Како и да е, акциите на американскиот банкарски сектор и понатаму се на најниското ниво во четири години, во најголем дел поради предвидувањата за намалување на дивидендите од оваа година и рекордните резерви за ублажување на идните негативни финансиски последици од COVID-19 за нивното работење.

Откако ќе се решат ризиците кои произлегуваат од помалата глобална побарувачка и претстојните проблеми со долговите на некои компании, акциите на овие американски банки повторно ќе се зајакнат, а до тогаш можеме повеќе или помалку да очекуваме нивните цени да се движат околу тековните нивоа.

Закрепнувањето исто така во голема мерка ќе зависи од закрепнувањето на кинеската економија. Таа се зголеми за 3,2 проценти на годишно ниво во вториот квартал од оваа година, што е значително подобро од рекордните 6,8 проценти контракција на кинеската економија во првиот квартал од оваа година во однос на истиот период минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП