24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на нафтата во пад

Цените на нафтата во пад

Цените на нафтата на светскиот пазар денес се во пад како резултат на несигурноста во глобалното закрепнување за побарувачка на гориво, бидејќи бројот на луѓе заболени од COVID-19 расте во многу земји.

Во Лондон цената на суровата нафта „Brent“ од Северното Море беше помала за 11 центи или 0,3 проценти и сега е 43,26 долари за барел.

Во Њујорк цената на лесната сурова нафта падна за четири центи или 0,1 процент и изнесува 40,71 долар за барел.

Во Америка се регистрирани најмалку 75.000 нови случаи на коронавирусот, што е нов рекорд. Шпанија и Австралија пријавиле најголем дневен раст на заболени во последните два месеци, додека слична ситуација е во Индија и Бразил.

Растот на бројот на заболени од COVID-19 го забавува опоравувањето на потрошувачката на гориво по ублажувањето на блокадата во САД и другите земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП