26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА32 милиони американци на државна помош

32 милиони американци на државна помош

Продажбата на мало во САД се искачи над очекувањата во јуни, но повторното појавување на случаи на коронавирус се заканува да го закочи почетокот на закрепнувањето и да задржи 32 милиони американци да примаат државна помош за невработени.

Продажбата на мало во јуни се зголемила за 7,5 проценти по скокот од 18,2 проценти во мај, објави американското министерство за трговија, пренесува Reuters.

Економистите проценуваат дека потрошувачката на домаќинствата, која опфаќа повеќе од две третини од американската економска активност, би можела во вториот квартал да забележи пад од дури 37 проценти на годишно ниво, што резултираше со пад на БДП за околу 36 проценти во тој период.

Во исто време, министерството за труд на САД објави дека 1,3 милиони американци поднеле барање за добивање државен надомест за невработеност во неделата завршена на 11 јули, што е над предвидувањата на економистите кои предвидоа дека за државна помош ќе аплицираат 1,25 милиони луѓе.

Во последната недела од јуни, 32 милиони луѓе во САД добија помош за невработени по сите програми за поддршка, што е за 433.005 лица помалку од една недела порано.

Според економистите, овој број, чија објава пристигнува со задоцнување од две недели, дава по точен увид во состојбата на пазарот на труд.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП