2 јули, 2025
ПочетнаАВТОБИЗОва е новиот Porsche 911 Turbo! Од 0 до 100 km/h зa...

Ова е новиот Porsche 911 Turbo! Од 0 до 100 km/h зa 2,8 секунди! (ФОТО+ВИДЕО)

Бидејќи претходно годинава беше претставен помоќниот „911 Turbo S“, сега публиката може да ја види и „обичната“ верзија на моделот „911“.

„Porsche“ на купувачите ќе им понуди купе и кабриолет верзии, а двата автомобили ќе имаат 6-цилиндарски 3.8 литарски твин-турбо „боксер“ мотор кој во „Porsche 911 Turbo“ испорачува 580 KS и 750 Nm.

Во однос на претходната генерација, возилото располага со дополнителни 32 коњски сили, додека максималниот вртежен момент е зголемен за 40 Nm.

Како и кај моделот „911 Turbo S“, моќта се пренесува на тркалата со помош на автоматски 8-брзински „PDK“ менувач со двојно квачило.

Новиот „Porsche 911 Turbo“ забрзува до „стотка“ за 2,8 секунди, што е за 0,2 секунди подобар резултат од претходната верзија. Максималната брзина остана иста и изнесува 320 km/h.

Купувачите покрај стандардната суспензија на располагање ќе ја имаат и изборната „PASM Sport“, а која дополнително го спушта возилото за 10 mm.

Како дополнителна опција може да се нарача и системот „Porsche Dynamic Chassis Control“ (PDCC), со технологија за спречување за превртување на возилото, како и спортски издувен систем.

Според информациите во автомобилот се поставени пневматици со димезии 255/35 R20 на предната оска, додека позади има 315/30 R21.

Управувањето на сите 4 тркала е стандарден дел од опремата на новиот „911 Turbo“, исто како и погонот на сите тркала.

Помеѓу опциите и подобрениот систем за сопирање со керамичко-композитни сопирачки.

Еден вака исклучителен спортски автомобил е придружуван со соодветна цена, па така „911 Turbo Coupe“ во Германија чини 180.811 eвра, додека кабриолет верзијата се продава по цена од 194.035 eвра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар