17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија продолжува да ја намалува изложеноста кон американскиот јавен долг

Русија продолжува да ја намалува изложеноста кон американскиот јавен долг

Русија во мај ги намали инвестициите во американски државни обврзници од 6,85 на 5,39 милијарди долари, продолжувајќи да ја намалува изложеноста кон американскиот јавен долг, објавија во петокот руските медиуми.

Кон крајот на мај, вредноста на долгорочните американски државни обврзници во руска сопственост изнесуваше 3,75 милијарди долари наместо 4,01 милијарди американски долари еден месец порано, додека краткорочните обврзници паднаа од 2,83 на 1,63 милијарди долари.

Уште во пролетта 2018 година, Русија започна остро да ги намалува инвестициите во американскиот јавен долг. Во април истата година, ги намали од 96 на 48,7 милијарди американски долари, а во мај на 14,9 милијарди американски долари. Во август 2019 година руските инвестиции во американски државни хартии од вредност изнесуваа 9,3 милијарди американски долари.

Во март оваа година, Руската Федерација за повеќе од три пати го намали обемот на инвестиции во американските државни хартии од вредност во однос на февруари – од 12,58 на 3,85 милијарди американски долари. Потоа во април повторно го зголеми на 6,85 милијарди американски долари благодарение на краткорочните обврзници.

Јапонија во мај остана најголем сопственик на американски државни хартии од вредност со 1,26 трилиони американски долари. На второ место со 1,08 трилиони долари го зазема Кина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП