23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАWall Street благо потпадна по два дена раст

Wall Street благо потпадна по два дена раст

На Wall Street во четвртокот, берзантските индекси паднаа, бидејќи паднаа цените на акциите на неколку технолошки гиганти и бидејќи инвеститорите беа обесхрабрени од сè уште високото ниво на невработеност во САД.

Индексот Dow Jones ослабе 135 поени или 0,50 проценти, на 26.734 поени, додека S&P 500 се лизна за 0,34 проценти, на 3.215 поени, а Nasdaq 0,73 проценти, на 10.473 поени.

Падот на тие индекси, по дводневниот раст, се должи, меѓу другото, на корекција на цените на акциите на технолошките гиганти, како што се Apple и Microsoft, кои до неодамна постојано растеа.

„Тоа е добар показател дека парите се прелеваат од презаситениот индекс Nasdaq во други сектори кои би требало да се зајакнат кога економијата силно ќе застане на свои нозе“, вели Ендру Смит, стратег во компанијата Delos Capital Advisors.

Но, инвеститорите вчера беа воздржани поради економските показатели, кои не дадоа јасни сигнали.

И на европските берзи цените на берзите вчера паднаа. Лондонскиот FTSE индекс ослабе 0,67 проценти, на 6.250 поени, додека франкфуртскиот DAX се лизна за 0,43 проценти, на 12.874 поени, а парискиот CAC 0,46 проценти, на 5.085 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП