11 мај, 2025
ПочетнаКОМПАНИИШтрајкуваат работниците на Кока-Кола во Германија

Штрајкуваат работниците на Кока-Кола во Германија

kokakola1

Илјадници вработени во фабриките на Кока-Кола во Германија, одржаа краток предупредувачки штрајк оваа недела, заради спорот околу платите. Работниците од двете фабрики на американската компанија во Баварија ја напуштија својата работа во понеделникот, додека нивните колеги во останатите 50 фабрики на Кока-кола во Германија во следните неколку дена се приклучија на штрајкот, соопштија од агенцијата ДПА.

Ова е обид од страна на вработените да извршат притисок врз раководството на Кока-Кола пред следната рунда преговори помеѓу синдикатите и компанијата за нивните плати.

Предупредувачките штрајкови обично траат неколку часа, и се многу честа тактика на германските синдикати.

Надлежниот синдикат бара за 10.600 вработени во Кока-Кола, зголемување на платата за наредната година од шест проценти. Кока-Кола понуди покачување од 2,5 отсто за оваа година и уште два отсто за 2014 година.

Нова средба помеѓу синдикатот и компанијата е закажана на 30 јануари, кога двете страни ќе се обидуваат да дојдат до заедничко разбирање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП