4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНова мода: Земаат банкарски кредити за да купуваат злато

Нова мода: Земаат банкарски кредити за да купуваат злато

Земањето на банкарски кредити со субвенционирани трошоци за купување физичко злато стана „нова мода“ во Турција.

Турците веруваат дека поради негативните реални девизни курсеви, можностите за инвестирање се стеснуваат, а на златото гледаат како безбедно засолниште, според информациите што ги пренесува порталот Indikator, повикувајќи се на BloombergHT.

„Падот на каматните стапки на потрошувачките кредити, исто така, ги натера граѓаните да се свртат кон златото“, изјави Акиф Туркер, златарн во Grand Bazar во Инстанбул.

Додава дека граѓаните почнале да купуваат злато кога цената изнесувала 300.000 лири (38,3 илјади евра) за килограм, а сега цените достигнале 400.000 лири (51 илјади евра) за килограм злато.

Друг златар во Grand Bazar, Мехмет Али Јилдиримтурк, вели дека граѓаните постепено продаваат злато кое го купиле поевтино, а чија цена во меѓувреме скокна, за да ги отплатат ратите на кредитите на банката.

Се проценува дека Турците имаат повеќе од 5.000 тони злато „во плочки“. Количината на овој вид заштеди во странска валута не е позната, пренесува BloombergHT.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП