24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКаде и како да најдете работа во време на економска криза

Каде и како да најдете работа во време на економска криза

Барањето работа во денешно време е комбинација од вештини, снаодливост и среќа. Важно е да ги доведете вештините до совршенство и да не се откажувате.

Во време на економска криза на која не и се гледа крајот, компаниите  постојано пропаѓаат, луѓето остануваат без работа, а наоѓањето на нова работа е како да сте добиле на лотарија.

Потрагата по работа е тежок процес, најчесто и излудувачки. Еве неколку совети за тоа каде и како да барате работа во време на економска криза.

Не е време за пребирање

Барајте работа на места каде што секогаш има недостиг на кадар. Постојат установи на кои им е потребна помошна работна сила – болници, старечки домови, училишта. Не мора да имате медицински факултет, ниту пак да бидете професор за да ја добиете работата.

Се приближува сезоната и време е за сезонски работи. Се бараат луѓе за работа во земјоделството, келнери, рецепционери, домари и така натаму.

Заводот за вработување не е единственото место каде треба да се пријавите за невработени. Пратете го вашето CV во агенции кои нудат привремени и сезонски работни места.

Бидете секогаш на Интернет, следете ги огласите.

Своето CV и мотивационо писмо пратете го во секоја компанија каде што би сакале да работите. Важно е да ве имаат во нивната база на податоци. Никогаш не можете да знаете дали ќе им притребате.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП