24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ: Нова фаза на економската криза, да се продолжи со стимулации од...

ММФ: Нова фаза на економската криза, да се продолжи со стимулации од јавните средства

Кризата предизвикана од пандемијата влезе во нова фаза која ќе бара флексибилност за „одржливо и правично закрепнување“, изјави генералниот директор на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева во блогот неколку дена пред виртуелната средба на Г20. 

Потребно е, како што рече таа, да се одржат „дури и да се прошират“ мерките за социјална заштита и да се продолжи со трошење на јавни средства со цел да се стимулира економијата и да се искористи можноста која се пружа еднаш во 100 години, а тоа е да се изгради “поправеден, позелен, поодржлив, попаметен и пред сè, поотпорен свет”.

„Сè уште не излеговме од неволја“, истакна директорката на ММФ и предупреди дека бранот на пандемијата може да предизвика дополнителни нарушувања во економијата.

Новите ризици, меѓу другото, се однесуваат на нестабилноста на цените, пораст на протекционизмот и политичката нестабилност, истакна Георгиева.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП