6 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропските земји го намалуваат ДДВ-то за туризам, но една земја најмногу -...

Европските земји го намалуваат ДДВ-то за туризам, но една земја најмногу – на само 1%

За периодот од 1-ви април до 30-ти ноември 2020-та година, Турција одлучи да го намали ДДВ-то во хотелскиот сегмент од веќе ниските осум на само еден процент.

Со цел барем привремено да му се помогне на секторот за туризам, кој е меѓу најпогодените од пандемијата на Ковид-19, 11 европски држави одлучија привремено да го намалат ДДВ-то на туристичките услуги.

Како што објавија од Европската асоцијација на хотели, ресторани и угостителски објекти (ХОТРЕЦ), Турција и Грција, меѓу другите, решија да ја преземат таа мерка.

За периодот од 1-ви април до 30-ти ноември 2020-та година, Турција одлучи да го намали ДДВ-то во хотелскиот сегмент од веќе ниските осум на само еден процент, што е најнизок ДДВ во било кој туристички сегмент во Европа.

Грција одлучи да го намали ДДВ-то од 24 на 13 проценти во делот на безалкохолните пијалоци, а за хотелиерите од 13 на само пет проценти.

Во Хрватска, туризмот во моментот се оданочува по две стапки – 25 и 13 проценти, од кои намалена стапката што беше воведена дури неодамна е исклучиво за сегментот на подготовка и сервирање на јадења и десерти надвор од ресторанот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП