29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот ѕвер на „Mercedes“: „AMG GT Black Series“ со 730 „коња“ (ФОТО+ВИДЕО)

Новиот ѕвер на „Mercedes“: „AMG GT Black Series“ со 730 „коња“ (ФОТО+ВИДЕО)

Производителот од Штутгарт претстави уште поекстремна верзија на својот суперспортски модел.

„Black Series“ е „шлагот на тортата“ меѓу моделите „Mercedes-AMG GT“.

Под хаубата се наоѓа познатиот 4.0-литартски твин-турбо „V8“ мотор со импресивни 730 KS (537 kW) и 800 Nm максимален вртежен момент.

Агрегатот е поврзан со 7-брзински автоматски менувач со двојно квачило, кој овозможува автомобилот од место до „стотка“ да забрза за само 3,2 секунди. Од 0 дo 200 на час стигнува за 9 секунди, а максималната брзина изнесува 325 km/h.

Погледнете како овој импресивен автомобил изледа во движење:

„Mercedes-AMG GT Black Series“ сe разликува од другите верзии на овој суперспортски модел и по дизајнот на надворешноста.

На прв поглед се забележува масивното крило на задниот стабилизатор и отворите на хаубата, која е изработена од карбонски влакна. Од истиот материјал е направена и покривната плоча, како и аеродинамичните додатоци.

На задниот дел на автомобилот се издвојуваат и двата пара издувни цевки, како и големиот дифузор кој го завзема целиот дел од браникот.

Производителот за овој модел намени специјални алуминиумски бандажи со десет краци, со дијаметар од 19 инчи на предната и 20 инчи на задната осовина. На тркалата се монтирани „Michelin Pilot Sport Cup 2 R“ гуми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП