23 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАКои земји имаат најголем јавен долг?

Кои земји имаат најголем јавен долг?

Најголем долг меѓу земјите во светот во номинален износ имаат Соединетите држави, но кога ќе го погледнете односот на јавниот долг кон БДП, тогаш на врвот на оваа листа е Јапонија со учество на долг во економскиот производ од 283%, според податоците од порталот US Debt Clock.org.

Државниот долг на САД во моментов тежи 26,5 трилиони долари и процентуално одговара на износот од 100,5 проценти од БДП.

Од друга страна, националниот долг на Јапонија е малку повисок од 12 трилиони американски долари, додека вредноста на домашниот производ е околу 4,3 трилиони американски долари, поради што „земјата на изгрејсонцето“ се смета за најзадолжена во светот.

Кина, втората најголема светска економија вредна приближно 13,7 трилиони американски долари, има долг од околу 7,3 трилиони американски долари, кој претставува 53 проценти од БДП.

Кога станува збор за европските земји, најголем товар на јавниот долг во однос на економскиот производ има Грција. Нејзиниот долг е нешто помалку од 450 милијарди американски долари, што претставува 220% од БДП.

Следи Италија со долг од 3 трилиони американски долари, кој е еднаков на 158% од БДП, а потоа следува Португалија со долг спрема бруто производот од 156%, и на изненадување на сите, во ова друштво се наоѓа и Белгија со удел во долгови од 128 проценти од БДП.

Локомотивата на европската економија, Германија, исто така значително го зголеми националниот долг, кој сега изнесува околу 81,6 проценти од БДП, францускиот долг ја надмина вредноста на годишното домашно производство и изнесува 116 проценти, а ситуацијата е слична и со Велика Британија, чиј долг претставува 105,5 проценти од БДП.

Според податоците од овој портал, кој во реално време ги следи промените во должничката состојба на 30 светски земји, најмал удел на јавниот долг од БДП имаат Саудиска Арабија и Русија, 15,7 проценти односно 19,3 проценти, соодветно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП