Кинескиот бруто домашен производ (БДП) во вториот квартал се зголемил за 3,2 проценти во однос на истиот минатогодишен период, што е поголем во однос на 2,5 проценти колку што очекуваа аналитичарите во анкетата на Reuters.
Тоа претставува силен пресврт во однос на рекордниот пад од 6,8 проценти во првиот квартал, кога кинеската економија беше под притисок од коронакризата.
Сепак, сè уште не се во функција сите економски сектори. Објавените податоци покажаа и дека индустриското производство закрепнува, но и дека паднал прометот во трговијата на мало, што укажува на слабост на домашната побарувачка.