24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајдобрите и најлошите перформанси на металите во 2020-та година

Најдобрите и најлошите перформанси на металите во 2020-та година

Секоја година во овој период се објавува презентацијата на металите и суровините за првото полугодие од годината, пишува „OilPrice.com“.

Скапоцените метали се голем победник за првите шест месеци од 2020-та година.

Златото додаде 17% на неговата цена од почетокот на годината, додека среброто порасна за скоро 2%.

Паладиумот е на третото место, но неговата цена падна за минимум 0,10%.

Минатата недела, златото го премина нивото на унца од 1.800 американски долари за прв пат од 2011 година и го достигна 9-годишното ниво од 1.828 долари во средата (8-ми јули).

Инвестициската банка „Goldman Sachs“ дури прогнозираше цена од 2.000 американски долари за унца во текот на следните 12 месеци.

Минатата недела среброто достигна цена од 19,37 долари за унца, што е малку под најголемата цена остварена во минатата година од 19,54 долари.

Како и да е, перформансите на останатите метали и суровини не се слични.

Бакарот и оловото паднале за 2,35% и 7,85%, соодветно, додека никелот паднал за 8,55% во првото полугодие од оваа година.

Сите други метали и суровини забележале пад од над 10%, заради затворање на многу фабрики ширум светот или нивно работење со намален капацитет.

Цинкот и алуминиумот изгубиле нешто повеќе од 10%, а платината, која се користи како паладиум во автомобилската индустрија, изгубила 14,19% од својата цена.

Природниот гас и јагленот паднале за 20 и 30%, но најголем губитник за првите шест месеци од годината беше нафтата, која падна за повеќе од 35%.

Потсетуваме дека во април, цената на лесната сурова нафта во САД дури достигна негативни вредности, како резултат на целосниот капацитет на резервите за нафта, како и поради намалената потрошувачка на гориво во последните месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП