20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМилионерите апелираат: „Оданочувајте не повеќе, пред да биде предоцна“

Милионерите апелираат: „Оданочувајте не повеќе, пред да биде предоцна“

Некои од најбогатите луѓе во светот побараа нивното богатство да се оданочува повеќе поради последиците од пандемијата на коронавирусот.

Меѓу оние што го сторија тоа беше наследничката на империјата „Дизни“, Абигеил Дизни. Таа и 82 други богати луѓе веруваат дека треба да се користи повисоко оданочување за да се одговори на негативните последици од пандемијата, објави „CNBC“.

„Оданочувајте не. Оданочувајте не. Оданочувајте не.“, напишаа тие во отвореното писмо потпишано како „Милионерите за хуманост“.

Покрај Абигејл Дизни, писмото го потпишале нејзините браќа Тим и Бен, како и филмскиот режисер Ричард Куртис. Тие рекоа дека проблемите предизвикани од пандемијата не можат да се решат со сочувство „колку и да било дарежливо“.

Тие ги повикаа надлежните да преземат одговорност за обезбедување пари за решавање на проблемите.

„Можеме да обезбедиме соодветна здравствена заштита, едукација и безбедност преку зголемување на даночната стапка, што ќе придонесе за благосостојбата на луѓето ширум светот“, посочија тие.

Тие потенцираа дека имаат „голем долг“ кон оние кои се на првата борбена линија против пандемијата и дека „работниците се значително помалку платени за она што го прават“. Како такви, ги наведоа оние што се грижат за болните или кои работат во маркетите.

Тие, исто така, повикаа на богатството да биде поеднакво распределено „пред да биде предоцна“, затоа што нема да има можност подоцна да ги поправат работите.

„За разлика од милиони луѓе ширум светот, не треба да се грижиме за работни места, домови или дали ќе можеме да им помогнеме на нашите семејства“, додадоа тие, потсетувајќи дека можеби и на нив ќе им треба и здравствена заштита.

„CNBC“ потсетува дека ова не е прв пат оваа група богати да имаат ваква иницијатива. Истото го сторија и на годинашниот „Светски економски форум“. Нивната последна иницијатива дојде во време кога ООН предупредија дека пандемијата може да резултира со повеќе од 500 милиони луѓе кои ќе бидат втурнати во сиромаштија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП