28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБундесбанк: Германската економија започна да се опоравува од пандемијата

Бундесбанк: Германската економија започна да се опоравува од пандемијата

Германската економија се опоравува од падот предизвикан од пандемијата на коронавирусот, откако во јуни достигна ниско ниво, според индикаторот во реално време, развиен од централните банки на земјоте на Европа.

Неделниот индекс на Бундесбанк, кој беше воведен по избувнувањето на панемијата, пријави активност во земјата, заснована врз податоците што се движат од потрошувачката на електрична енергија и воздушниот сообраќај до пребарувањата на „Google“ и повлекувањето на готовина.

Ова покажува дека германската економија продолжува да се намалува, но темпото забавува од средината на јуни.

Индексот покажува дека економската активност во Германија за 13 недели до 12-ти јули била за 2,7% пониска отколку во претходните 13 недели, според Бундесбанк.

Ова е подобрување во однос на податоците од претходната недела од минус 3,5% и споредено со нивото од минус 7,05% забележано на 14-ти јуни.

Претходно германското Министерство за економија во извештајот соопшти дека економијата на земјата продолжува да закрепнува по ублажување на ограничувањата воведени во битката со коронавирусот, но останува далеку под нејзиниот полн капацитет.

„Економското закрепнување е сè уште нецелосно. Капацитетот сè уште е недоволно искористен“, соопшти Министерството за економија.

Иако закрепнувањето започна во мај, вториот квартал сепак ќе покаже негативен раст.

Администрацијата на канцеларката Ангела Меркел започна план од 130 милијарди евра (147 милијарди американски долари) во кој се вклучени даночни стимулации, грижа за децата и општинска помош, како и трошоци за почиста енергија и дигитализација. Неговата цел е да и помогне на земјата да излезе од најлошата рецесија од крајот на Втората светска војна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП