28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУтре неработен ден за сите граѓани поради одржување на изборите

Утре неработен ден за сите граѓани поради одржување на изборите

Согласно заклучокот на Владата од 74-тата седница одржана на 7 јули годинава среда, 15 јули, е неработен ден за сите граѓани во Република Северна Македонија поради одржување на предвремени парламентарни избори и тој нема да се одработува, соопшти денеска владината Прес-служба.

Од Владата додаваат, дека оние институции, компании, фирми и организации кои ќе одлучат да работат на 15 јули 2020 година треба да пријават работа на неработен ден до Државниот инспекторат за труд.

– Според Законот за работни односи и Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството, работодавачот на работникот е должен да му исплати надоместок и додаток на плата за работа на празници и неработни денови утврдени со закон или друг пропис, појаснуваат од Владата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП