11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританските компании неподготвени за Брегзит

Британските компании неподготвени за Брегзит

Три четвртини од британските фирми не се подготвени за Брегзит, покажа истражувањето кое го објави институтот IoD (Institute of Directors). Половина од речиси 1.000 анкетирани бизнис лидери наведуваат дека во моментов не може да се подготват помеѓу пореметувањето предизвикано од пандемијата од коронавирус и потребите за детално излегување на Велика Британија од ЕУ до крајот на периодот на транзиција на крајот на декември.

Една четвртина велат дека се подготвени, претежно во финансискиот сектор.

IoD повикува на „прогресивно спроведување во корист на сите“ на промените кои ќе произлезат од Брегзит и на „помош за малите и средни претпријатија да имаат пристап до експертите“ за подобро да се подготват.

Велика Британија во неделата најави помош од 705 милиони фунти (768 милиони евра) со намера да ги зајакне своите граници за да биде подготвена од крајот на периодот на транзиција на Брегзит до крајот на годината.

Владата оваа недела ќе започне голема информативна кампања за да ги охрабри компаниите и поединците да ги „искористат можностите“ за кои смета дека ќе се појават благодарение на излегувањето на Велика Британија од Европската унија, како резултат на референдумот од јуни 2016 година.

Нова рунда преговори со ЕУ би требало да се одржи на 20 јули во Лондон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП