28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРуските приходи од злато за прв пат поголеми од гасот

Руските приходи од злато за прв пат поголеми од гасот

Приходот на Русија од извозот на злато за прв пат е поголем отколку од продажбата на гас, покажуваат податоците на Федералната царинска служба и Централната банка, пренесува порталот Ria.

Според тие податоци, руските компании во април и мај продале во странство 65,4 тони злато во вредност од 3,55 милијарди долари.

Испораката на гас во истиот период му донесе на извозниот монопол Gazprom 2,4 милијарди долари.

Според податоците на руската централна банка Centrobank, тоа е најмал приход за тој период уште од 2002 година.

Шефот на AKRA групацијата за проценка на одржливоста на ризиците, Максим Кудалов, вели дека ситуацијата во која приходите од извозот на злато се повисоки отколку од извозот на гас во историјата на модерна Русија се случила за прв пат, бидејќи извозот на гас традиционално носел повеќе приходи од продажбата на злато.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП