25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПознато виски ќе се продава во хартиена амбалажа

Познато виски ќе се продава во хартиена амбалажа

Johnnie Walker, виски старо скоро 200 години, наскоро ќе се продава во хартиена амбалажа.

Diageo, компанијата која е сопственик на овој бренд, соопшти дека планира на пролет следната година да ги да ги пушти во продажба првите количини на тоа виски во ново еколошко пакување.

Diageo за производство на хартиена амбалажа ќе отвори компанија под името Pulpek, која ќе произведува амбалажа и за брендовите Unilever и Pepsi, објави BBC.

Хартиени шишиња со виски ќе бидат направени од дрвена пулпа и ќе можат во целост да се рециклираат, соопшти компанијата.

Правењето стаклени шишиња троши енергија и испушта јаглерод, па многу компании за производство на пијалоци развиваат хартиена амбалажа за да се обидат да го намалат загадувањето и да ги направат производите поодржливи.

Меѓутоа, Coca Cola во јануари објави дека нема да се откаже од еднократна пластична амбалажа затоа што потрошувачите и понатаму ја сакаат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП