20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајголем буџетски дефицит на Америка во историјата

Најголем буџетски дефицит на Америка во историјата

Владата на САД во јуни го оствари најголемиот месечен буџетски дефицит во историјата, затоа што трошоците на програмата за борба против сузбивање на коронавирусот се зголемиле, а приходите од данок се намалиле, бидејки многу луѓе останаа без работа.

Министерството за финансии на САД соопшти дека дефицитот минатиот месец бил 864 милијарди долари и е најголем во историјата на оваа земја, додека во април дефицитот бил 738 милијарди долари.

Тој износ е поврзан и со парите кој Конгресот ги обезбедил за да се спречи зголемувањето на прекините на работни места во екот на пандемијата. За првите девет месеци вкупниот дефицит е 2,74 трилиони, што е исто така рекорд за таквиот период.

Со овие податоци, конгресниот буџетски одбор предвидува дека годишниот дефицит ќе достигне 3,7 трилиони долари.

Тој износ ќе го надмине претходниот најголем годишен дефицит од 2009 година, кој поради светската економска криза беше 1,4 трилиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП