5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПо Индија, Кореја и САД се приближуваат кон целосна забрана на Tik...

По Индија, Кореја и САД се приближуваат кон целосна забрана на Tik Tok

Јужна Кореја ја даде својата поддршка на САД и размислува за целосна забрана за користење на Tik Tok по критиките за неовластено користење лични податоци, соопштија од корејската влада.

Korea Communications Commission (KCC) минатата недела ја заклучи истрагата околу сомневањата дека социјалната платформа Tik Tok испратила податоци за корисниците на користење до кинеската влада. Резултатите сè уште не се точно објавени, а одлуката за евентуална казна се очекува утре, со тоа веќе е сигурно дека Tik Tok ги прекршил корејските законски процедури за корисници под 14-годишна возраст.

Tik Tok, со седиште во Кина, има околу 800 милиони корисници ширум светот, а меѓународните критики за нелегалното користење на податоците за корисниците со месеци се шират од американските политички кругови. Најверојатно по лобирањето на САД, Индија е првата земја која веќе ја забрани употребата на Tik Tok (но и 59 други кинески апликации, меѓу кои и WeChat), а од минатата недела истото го разгледуваат и САД.

Пред неколку дена, американскиот државен секретар Мајк Помпео најави блокирање на кинеските апликации, по примерот на Индија, со посебен акцент на Tik Tok, кој американската влада го оценува како средство за ширење на кинеската пропаганда и цензура на видео содржини поврзани со Хонг Конг и кинеско-индиските конфликти, како и содржина која промовира демократија, слобода на говор итн.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП