28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБил Гејтс повикува за дистрибуција на лековите и вакцините за Ковид-19 на...

Бил Гејтс повикува за дистрибуција на лековите и вакцините за Ковид-19 на оние кои им е најпотребно

Милијардерот и филантроп, Бил Гејтс, повика, лековите за COVID-19 и потенцијалната вакцина да бидат достапни за земјите и луѓето на кои им е најпотребна, а не на оние„кои ќе платат повеќе“, велејќи дека потпирање на условите на пазарот ќе ја продолжи смртоносната пандемија.

Ако едноставно дозволиме лековите и вакцините да одат кај оние кои ќе платат најмногу, наместо на луѓето и на местата каде што им се најпотребни, ќе имаме подолга, понеправедна и смртоносна пандемија, рече основачот на „Мајкрософт“ во видео-пораката објавена во саботата за време на виртуелната конференција “COVID-19” која ја организирало  Меѓународното здружение за борба против СИДА.

“Ни требаат лидери за да ги донесат овие тешки одлуки за дистрибуција засновани врз еднаквост, а не само на фактори определени од пазарот”, вели Бил Гејтс.

Со стотици проекти насочени кон пронаоѓање на вакцината, и владите во Европа и САД кои инвестираат милијарди долари за истражување, тестирање и производство, постои загриженост дека побогатите нации би можеле да го обезбедат за себе ветениот лек за коронавирус, оставајќи ги земјите во развој да останат со празни раце.

Европската комисија и Светската здравствена организација предупредуваат на нездрава конкуренција во изнаоѓање лек кој ќе биде клучен за заштеда на животите и решавање на економскиот хаос предизвикан од вирусот, додека некои официјални претставници во Вашингтон соопштија дека нивниот приоритет ќе бидат американските граѓани.

Гејтс рекол дека напорите започнале пред две децении во борбата против глобалната криза од ХИВ/СИДА, кога земјите се здружија за да пронајдат лек и да го стават на располагање во поголем дел од светот, вклучувајки ја и Африка, и дека може да послужи како модел за лекување од Ковид-19.

Како пример го издвоил Глобалниот фонд за борба против СИДА, туберкулоза и маларијата во 2002 година и претседателскиот извонреден план за борба против СИДА со седиште во САД, кој имаше за цел да им обезбеди на луѓето лекови за борба против некои од најсмртоносните болести.

“Една од најдобрите лекции во борбата против ХИВ/СИДА е важноста за изградба на голем, фер глобален систем на дистрибуција, така што лековите ќе стигнат до сите”, рече Гејтс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП