2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританците инвестираат 705 милиони фунти во граничната инфраструктура

Британците инвестираат 705 милиони фунти во граничната инфраструктура

Велика Британија ќе инвестира 705 милиони фунти во инфраструктурата на границите со цел да ја продолжи трговијата со ЕУ, бидејќи договорот за транзициониот период по Брегзит истекува на крајот на годината, изјави секретарот на британската влада, Мајкл Гов.

Средствата вклучуваат 470 милиони фунти за изградба на пристанишна и патна инфраструктура, како и на југоистокот на Англија поради преминот со Франција за големи теретни возила.

Велика Британија се уште преговара за трговски договор со ЕУ по Брегзит и најавува дека наскоро ќе достави детали за тоа како ќе функционира нејзината граница со земјите од Унијата.

Гов исто така вели дека британските граници ќе бидат готови и безбедни до крајот на годинава, пренесува „Ројтерс“.

„Сигурен сум дека сè што правиме ќе биде во согласност со законот и со цел да се обезбеди не само почитување на законот и безбедноста на луѓето, туку и да се олесни трговијата“, рече Гов.

Тој оцени дека има напредок во преговорите меѓу Велика Британија и ЕУ за идниот трговски договор.

Границата помеѓу Северна Ирска, која е дел од Велика Британија, и Ирска, членка на ЕУ, ќе биде предмет на посебен протокол, додаде Гов.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП