5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ: Нова стратегија за опоравување

ЕУ: Нова стратегија за опоравување

Претседателот на Европскиот совет, Чарлс Мишел го претстави предлогот на стратегијата за закрепнување на Европската унија. Оваа стратегија предвидува 1,0743 трилиони евра за заеднички буџет за период од 2021 до 2027 година и 750 милијарди евра за инструмент за опоравување по пандемијата од коронавирусот кој е наречен „Нова генерација на ЕУ“.

Предлогот на Шарл Мишел дошол по консултациите со 27-те земји-членки на ЕУ, а ќе послужи како основа за дискусија на лидерите на ЕУ, кои следната недела на самитот во Брисел ќе се обидат да се договорат околу пакетот за обновување на ЕУ.

„Целите на нашата стратегија за опоравување може да се сумираат во три збора: конвергенција, отпорност и трансформација. Тоа конкретно значи санација на штетата предизвикана од COVID-19, реформирање на нашите економии и реновирање на нашите општества“, изјави Мишел.

Предлогот го поддржува планот на Европската комисија, ЕУ да се задолжи во наредниот период на светските пазари на пари до сума не поголема од 750 милијарди евра, од кои земјите и регионите на ЕУ на располагање ќе бидат заеми од 250 милијарди евра и грантови до 500 милијарди евра.

Најголем дел од средствата (560 милијарди евра) од Инструментот за обнова би требало да бидат во ЕУ механизмот за обновување и отпорност, чии грантови (310 милијарди евра) ќе можат да се користат од 2021 година па до крајот на 2023 година.

Се предлага овој заеднички заем на ЕУ да се врати во периодот од 1 јануари 2027 до 31 декември 2058 година при што годишната рата не би требало да надминува 7,5 проценти од максималниот износ од 750 евра.

Кога станува збор за повеќегодишниот заеднички буџет на ЕУ, предлогот на претседателот на Европскиот совет од 1074,3 милијарди евра за периодот од 2021 до 2027 година е помалку од предложените 11.000 милијарди евра на Европската комисија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП