6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБанкротираше бренд кој траеше 2 века и облече 40 претседатели

Банкротираше бренд кој траеше 2 века и облече 40 претседатели

Brooks Brothers, продававница за машка облека која постои веќе 200 години и која облече 40 американски претседатели, поднесе барање за банкрот.

Познат е и како омилен бренд на банкарите и брокерите од Wall Street.

Компанијата во приватна сопственост се бореше веќе некое време, бидејќи во последните години деловната облека стана се повеќе лежерна.

А на тоа, се разбира, влијаеше и пандемијата од коронавирус, која ја запре побарувачката за одела.

Многу работници кои работат од дома се одлучија за поопуштен изглед и носење на маици и тренерки, а не за одела шиени по мерка.

„Иако пандемијата сериозно ги оштети изгледите за закрепнување на бизнисот, Brooks Brothers страдаше долго време и не беше подготвен да се прилагоди на променливите трендови“, изјави Нил Сандерс, извршен директор на Global ritejl, додавајќи:

„Кога станува збор за вкусот и стилот, Brooks Brothers пливаа против плимата, односно трендовите“.

Brooks Brothers поднесоа барање за банкрот минатата недела. Во јуни, тој предупреди дека ќе отпушти скоро 700 работници.

Компанијата оценува различни стратешки опции, вклучително потенцијална продажба. Продавачот веќе е во процес на затворање на 20 проценти од своите 250 продавници во САД.

Brooks Brothers ја отворија својата прва продавница во 1818 година во близина на Wall Street.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП