Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ADIN 618.00 0%    ALK 12,350.12 -0.45%    FERS 61,000.00 1.67%    GRNT 962.84 -0.02%    INPR 1,500.00 0%    KMB 6,218.50 -0.84%    SBT 2,551.00 -1.92%    TETE 1,582.00 1.02%    TKVS 4,400.00 0%    

Врачена наградата Автомобил на годината во Македонија за 2020 година и признанието СУВ на годината

Време: 14:27

Датум: јули 13, 2020

Категорија: АВТОБИЗ

Националното жири за избор на „Автомобил на годината во Македонија“ по 25. пат ги врачи најпрестижната и најпосакуваната награда и признанието во автомобилската индустрија. Со тоа продолжи традицијата на наградување на моделот што во текот на изминатата година пристигнал на македонскиот пазар, а според критериумите на Националното Жири заслужува да ја добие наградата.

Победникот, моделот Opel Corsa беше прогласен уште во февруари, но поради моменталната ситуација планираното свечено доделување беше одложено.

Членовите на Жирито доделувањето на наградите и признанијата го направија во салоните на победниците. За победникот Opel Corsa е врачена стилизирана маска на ладилник, авторско дело на Валентин Ширилов направено специјално за Изборот на автомобил на годината во Македонија уште од 1995 година, а признанието СУВ на годината во Македонија за 2020 година го врачија за моделот Toyota RAV 4.

„Во специфични услови за сите нас го заокружуваме овој 25-ти Национален избор на Автомобил на годината во Македонија. Горди сме што најстарата манифестацијата од ваков вид останува препознатлива а наградите што ги доделува примамливи за секој производител. Заедно со импортерите на возила го подигнавме изборот на повисоко ниво и со транспарентни правила и критериуми ја продолжуваме традицијата почната уште од 1995 година. Верувам дека и следниот период заеднички ќе придонесеме за препознавање и наградување на оние што навистина се најдобри“, вели Горан Антевски, претседателот на Националното Жири за избор на „Автомобил на годината во Македонија“.

Од моделите пристигнати на македонскиот пазар помеѓу двата избора, Националното жири за избор на „Автомобил на годината во Македонија“ согласно Правилникот за работа и критериумите на изборот, одреди шест (6) финалисти кои се оценуваа според следниве шест критериуми:

– адекватност и понуда на домашниот пазар
– економичност и еколошка прифатливост
– безбедност и примена на технолошки достигнувања
– возни својства
– дизајн
– комфор и опременост

Секој член на Жирито имаше на располагање 120 бодови што требаше да ги распредели на моделите финалисти.

Победничкото возило Opel Corsa доби 110 бодови од жирито (4 гласа), пред Mazda 3 со 86 и Toyota RAV 4 модел што доби 81 бод.

Гласот од финалистите, импортерите кои учествуваа со сопствени автомобили во изборот, годинава го доби моделот MAZDA 3. Од шесте финалисти за моделот Mazda 3 гласаа три (3) со што овој модел доби еден рамноправен глас при гласањето.

„Благодарни сме за ова, за нас многу важно признание, кое годинава и припадна на новата Opel Corsa. Изборот на Автомобил на годината во Македонија е награда која нам исклучително многу ни значи, особено во ова време на неизвесност, кога сите на некој начин се одвикнавме од убави работи. Иако во една од најтешките години во автоиндустријата, со ова признание ставивме шлаг на тортата од сите награди кои ги доби новата Opel Corsa од својата премиера на Меѓународниот саем за автомобили во Франкфурт во септември лани. Со најразличните награди и признанија кои таа ги доби, шестата генерација на Opel Corsa докажа дека е вистински автомобил за секого и уште еднаш покажа зошто е бестселер на брендот Opel уште од далечната 1982 година.

Во новата Corsa, сега Opel нуди технологии и системи за асистенција кои на купувачите вообичаено им се познати од повисоките класи на возила. Очигледно дека членовите на жиријата ширум светот тоа добро го препознале. Ја користам можноста уште еднаш да ви се заблагодарам што и вие направивте ваков избор“, вели Александар Мешков, регионалниот претставника на Opel за Македонија, Албанија и Косово.

Признанието за СУВ на годината годинава го доби моделот Toyota RAV4.

„Toyota Авто Центар како генерален застапник за Toyota во нашата земја изразува голема благодарност до националното жири за избор на автомобил на годината во Македонија што ги препозна и ги потврди квалитетите на петтата генерација на RAV4 преку доделување на наградата “SUV на годината”. Оваа награда ќе биде уште еден доказ за непогрешливоста во изборот на голем број на купувачи на RAV4 во нашата земја, но исто така и поттик за сите оние кои се во потрага по SUV автомобил, а се уште не ја донеле својата одлука на избор, вели Ана Трајковска, маркетинг менаџерот на Тојота Ауто Центар.

Досегашни победници во изборот за „Автомобил на годината во Македонија“

1996 Fiat Bravo/Brava                                  2013 Seat Leon
1997 Renault Megane                                    2014 Skoda Octavia
1998 Opel Astra 1998                                    2015 Ford Mondeo
1999 Skoda Octavia                                       2016 Skoda Superb
2000 Fiat Punto                                             2017 Kia Sportage
2001 Seat Leon                                               2018 Dacia Duster
2002 Toyota Corolla                                      2019 Ford Focus
2003 Mazda 6                                                  2020 Opel Corsa
2004 Mazda 3
2005 Seat Altea
2006 Vоlkswagen Passat
2007 Opel Corsa
2008 Kia Cee`d
2009 Volksvagen Golf VI
2010 Opel Astra IV
2011 Hyundai iX35
2012 Кia Rio

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Најсилниот „Mustang“ доби повеќе моќ

    Најсилниот „Mustang“ доби повеќе моќ

    Компанијата „Shelby American“ го најави претставувањето на пакет модификации за најмоќната верзија на „Ford Mustang – Shelby GT500“. Благодарение на нив, V8 моторот на спортското…

  • Веќе 230.000 луѓе го имаат нарачано новиот „Ford Bronco“

    Веќе 230.000 луѓе го имаат нарачано новиот „Ford Bronco“

    Неодмана претставениот „Ford Bronco“ го привлече вниманието на голем број луѓе, а тоа го потврдија и од компанијата со тоа што веќе имаат 230.000 нарачки…

  • „Audi: Секој нов „RS“ модел ќе биде електрифициран

    „Audi: Секој нов „RS“ модел ќе биде електрифициран

    Според зборовите на Ролф Михл, директорот за маркетинг и шеф на продажба во „Audi“, сите идни „RS“ модели ќе бидат електрифицирани. Михл во интервју за…

  • „Sony“ тестира електричен автомобил (ВИДЕО)

    „Sony“ тестира електричен автомобил (ВИДЕО)

    Компанијата „Sony“ многумина изненади на годинешниот „CES“ претставувајќи прототип на електричен автомобил. „Sony“ претходно имаше направено прототип со цел да ја покаже својата технологија во…

  • „Mercedes“ го подобри „AMG GT“ кој сега има 530 „коња“ (ФОТО)

    „Mercedes“ го подобри „AMG GT“ кој сега има 530 „коња“ (ФОТО)

    Откако ја претстави екстремната „Black Series“ верзија, „Mercedes“ направи подобрувања и на основната верзија на својот суперспортски автомобил. Основната верзија „Mercedes-AMG GT“, ако за модел…

  • Volkswagen во минус 800 милиони евра во првата половина од годината

    Volkswagen во минус 800 милиони евра во првата половина од годината

    Германскиот Volkswagen (VW) објави денеска дека во првата половина на 2020 година забележал оперативна загуба од 800 милиони евра (940 милиони американски долари) поради големиот пад…

  • „Lamborghini“ го претстави најмоќниот автомобил во својата историја (ФОТО+ВИДЕО)

    „Lamborghini“ го претстави најмоќниот автомобил во својата историја (ФОТО+ВИДЕО)

    Компанијата „Automobili Lamborghini“ го претстави најмоќниот суперавтомобил во својата историја. Тој е наречен „Essenza SCV12“ и е развиен од спортската поделба „Squadra Corse“ и дизајнерското…

  • 45 години икона: Porsche 911 Turbo

    45 години икона: Porsche 911 Turbo

    Porsche 911 Turbo е есенцијата на спортскиот автомобил со високи перформанси, секојдневна употребливост и традиција од 45 години. По лансирањето на пазарот на 911 Turbo…

  • Позната е цената на новиот „Audi A3 Sedan“ (ФОТО+ВИДЕО)

    Позната е цената на новиот „Audi A3 Sedan“ (ФОТО+ВИДЕО)

    „Audi“ пред почетокот на продажбата на новата „А3“ лимузина ја објави цената и нови фотографии од овој модел. Втората генерација на „Audi A3 Ѕedan“ дебитираше…

  • Проблеми за авто-гигантот: Најголема годишна загуба досега

    Проблеми за авто-гигантот: Најголема годишна загуба досега

    Компанијата Nissan Motor проценува дека ќе забележи најголема годишна загуба во работењето во својата историја. Додаваат дека и продажбата на возила ќе падне за 16…