1 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на акциите на азиските берзи достигнуваат рекордно нивоа

Цените на акциите на азиските берзи достигнуваат рекордно нивоа

Цените на акциите на азиските берзи денес достигнаа највисоко ниво во последните пет месеци, затоа што инвеститорите очекуваат дека деловните резултати на американските компании, чие објавување започнува оваа недела, ќе ги надминат нивните очекувања.

MSCI индексот на азиските берзи, без јапонските, околу 7 часот беше во плус 0,15 проценти. Во исто време, јапонскиот Nikkei порасна за 1,7 проценти, јужнокорејскиот Kospi за 1,2 процент, а во значаен плус и кинеските берзи од околу еден процент.

„Инвеститорите ги игнорираат постојаните лоши вести за бројот на заразени лица со COVID-19 во САД во очекување на неодамнешното откритие и брзиот развој на ефективна вакцина, но и поради политиките кои поддржуваат инвестиции во недвижнини и американската економија“. JP Morgan, Citigroup и Wells Fargo во вторник ќе известат за заработката во второто тримесечје, а бидејќи скалата е ниско поставена, скоро е сигурно дека заработката ќе биде ‘подобра од очекуваната“, посочува Ray Attrill, стратег во инвестициската компанија NAB.

После три недели пад, на валутните пазари индексот на доларот сè уште под притисок, затоа што инвеститорите вложуваат во поризични валути во очекување дека, што се однесува до пандемијата во светот, најлошото заврши.

Во такви услови, индексот на доларот во однос на корпата на најважните светски валути ослабна за 0,2 проценти во понеделникот, на 96.452 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП