4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРекордно мал број на луѓе во ЕУ започнале со работа во првиот...

Рекордно мал број на луѓе во ЕУ започнале со работа во првиот квартал (ИНФОГРАФИК)

Податоците на Европската канцеларија за статистика „Евростат“ покажуваат дека рекорден мал број на луѓе во Европската унија (ЕУ) започнале да работат во првиот квартал од годината. Во исто време, рекорден број луѓе преминале во групата економски неактивни луѓе (луѓе кои немаат и не бараат работа) во текот на овој период, покажува статистиката.

Периодот јануари-март 2020-та година е првиот квартал во кој пазарот на трудот на ЕУ беше погоден од мерките против ширењето на новиот коронавирус Kовид- 19, преземени од земјите-членки на ЕУ, потенцира „Евростат“.

Во првиот квартал на 2020-та година, 2,6 милиони луѓе во ЕУ, кои беа невработени во четвртиот квартал, пронајдоа работа, најмал број досега откако се води статистика.

Од групата невработени, скоро 7 милиони луѓе, или 54%, остануваат невработени, а 3,3 милиони луѓе (скоро 26%) се преминале во групата економски неактивни луѓе.

Од групата на вработени лица на крајот на четвртиот квартал од минатата година 2,2 милиони луѓе, или 1,4%, ги загубија своите работни места во првите три месеци од оваа година. Од оваа група, 3,9 милиони луѓе – рекорден голем број, или 2,5%, отидоа директно во групата економски неактивни луѓе.

Од оние првично наведени како економски неактивни во четвртиот квартал од 2019-та година, 3,3 милиони луѓе биле вработени во првите три месеци од оваа година, а 3,2 милиони луѓе преминале во групата невработени, т.е. почнале да бараат работа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП