4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРегионот би можел да дојде на работ на сиромаштија поради пандемијата

Регионот би можел да дојде на работ на сиромаштија поради пандемијата

Светската банка (СБ) процени дека на Западен Балкан, доколку владите не воведоа одредени мерки, корона кризата би отерала најмалку 400.000 луѓе во сиромаштија.

Светската банка проценува дека бројот би бил дури 950,000 во периодот од јуни до август, доколку кризата трае подолго.

Вишиот економист во СБ, Транг Ван Нгујен истакна дека, имајќи ги предвид понатамошната неизвесност и вториот бран на пандемијата, ситуацијата би можела да биде уште полоша.

Кога станува збор за влијанието на коронавирусот врз сиромаштијата во Западен Балкан, таа рекла дека приходите ќе претрпат сериозен удар, особено во секторите кои се најпогодени од кризата, а загубата на приходот значи дека повеќе луѓе ќе бидат изложени на сиромаштија.

„Дури и пред кризата, проценивме дека околу една петтина од населението во регионот живее во сиромаштија“, рече Транг Ван Нгујен.

Според неа, од една страна има семејства кои се веќе сиромашни и кои зависат од приходите што ги имаат на неделно или дневно ниво, и тие особено ќе бидат погодени од кризата.

“Од друга страна, имате семејства кои се блиску до сиромаштија. Тие не биле сиромашни пред кризата, но тие се потпираат на некои помалку сигурни работни места или дури и на вработување во неформалниот сектор, така што сега со оваа криза тие се во целосна опасност да станат сиромашни”, тврди Нгујен и додава дека милиони луѓе од овој регион работат во Европа и испраќаат пари дома, а сега и тие веројатно ќе бидат засегнати од кризата.

Таа смета дека напорите на владата да го намали влијанието на кризата врз загубите на работните места се многу важни, затоа што ја намалува можноста повеќе луѓе да завршат во сиромаштија.

Белешките на СБ, презентирани на крајот на мај, се дополна на претходно објавениот Редовен економски извештај за Западен Балкан и, покрај сиромаштијата, ја опфаќаат фискалната политика, финансискиот сектор, пазарот на труд и социјалната заштита.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП