Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 12,322.35 0.93%    KMB 6,202.99 -0.46%    MPT 64,939.86 -0.09%    OHB 4,650.00 1.09%    RZLV 38.00 -5%    RZUS 55.70 9.22%    SBT 2,707.00 6.12%    TEL 318.00 2.91%    TNB 17,400.00 0.29%    ZPKO 2,270.00 0%    

Во Дубровник цените спуштени и до 60 отсто, но гости пак нема

Време: 10:20

Датум: јули 13, 2020

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Градот Дубровник, еден од најважните туристички центри на хрватското крајбрежје, оваа година бележи рекордно мал број на туристи поради пандемијата на коронавирусот.

Според системот за пријавување и одјавување на гости eVisitor, на 5 јули годинава во Дубровник престојувале 2.145 гости, што е само 13 проценти од бројот на гости кои престојувале во градот истиот ден минатата година, кога се реализирале 24.824 ноќевања.

Туристичката заедница во Дубровник наведува дека во хотелското сместување во градот моментно има најголем број гости од Германија, Хрватска и Босна и Херцеговина, а во приватното сместување најбројни се Германците, Французите и Полјаците.

На подобра ситуација на почетокот на сезоната се надевале и угостителите во Дубровник, пренесува порталот „Индекс“.

Претседателот на здружението на угостители во градот и сопственик на таверната „Ото“, Анте Влашиќ, вели дека тековните приходи што ги остваруваат нема да бидат доволни за покривање на основните трошоци.

„Повеќето од моите колеги имаат промет и приход до 10 проценти во однос на лани. Тоа приближно се совпаѓа и со бројот на гости кои доаѓаат во Дубровник… Можеби тој процент е дури и малку понизок, затоа што ги изгубивме посетителите кои доаѓаат на еден ден, на пример од БиХ и Црна Гора, како и гостите од крстарењета“, вели Влашиќ во изјава за локалните медиуми.

Според него, никој не бил подготвен за новата ситуација, особено затоа што минатата сезона имало своевиден рекорд, а за оваа дури било најавено и намалување на ДДВ, што би претставувало дополнително олеснување за угостителите.

Во однос на рестораните, нешто подобро стојат кафеаните што работат во текот на целата година и кои ги посетува и локалното население.

Oд здружението на туристички агенции во Дубровник тврдат дека скоро сите локали и престојувалишта ги спуштиле цените, некои дури и до 60 проценти, додека други решиле годинава да не ги изнајмуваат своите станбени единици за туристички цели.

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Нови 155 заразени од Kовид-19 во земјава, починати се две лица

    Нови 155 заразени од Kовид-19 во земјава, починати се две лица

    Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.845 тестирања, а регистрирани се 155 нови случаи на Kовид-19 во: Скопје – 51,…

  • Првата вакцина против Ковид-19 во светот ќе биде регистрирана во Русија следната недела

    Првата вакцина против Ковид-19 во светот ќе биде регистрирана во Русија следната недела

    Русија ќе ја регистрира својата прва вакцина против коронавирусот на 12 август, рече рускиот заменик-министер за здравство, Олег Гриднев, пренесува „Спутник“. „ Во моментов е…

  • Македонска берза го објави Месечниот статистички билтен за јули 2020

    Македонска берза го објави Месечниот статистички билтен за јули 2020

    Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.07 – 31.07.2020 година вкупниот промет изнесувал 382.669.81 денари и е намален за 14,16 отсто во однос…

  • Истражување: 60 отсто од излекуваните од Ковид-19 развиваат антитела

    Истражување: 60 отсто од излекуваните од Ковид-19 развиваат антитела

    Уште на почетокот на јули, виролозите од Медицинскиот универзитет во Виена известија дека само околу половина од заболените и излекуваните од коронавирус развиле заштитен имунолошки…

  • Колку пиво се произведува во Европската унија? (ИНФОГРАФИК)

    Колку пиво се произведува во Европската унија? (ИНФОГРАФИК)

    Повеќе од 34 милијарди литри пиво биле произведени во Европската унија во 2019-та година, според податоците на „Eurostat“. Доколку се подели со бројот на жители…

  • Светот пред „темпирана бомба“ на банкроти

    Светот пред „темпирана бомба“ на банкроти

    Владите ширум светот се обидуваат да превземат мерки со цел да им помогнат на компаниите кои се најпогодени од ширењето на коронавирусот. Меѓутоа, светот се…

  • Грижата за животната средина, обврска за секој од нас

    Грижата за животната средина, обврска за секој од нас

    Граѓаните, трговците, индустријата и општините со своите јавни комунални претпријатија, како и колективните постапувачи се многу значајни алки од системот, кои мораат постојано да функционираат…

  • Претседателот на Германија предизвика корона-скандал

    Претседателот на Германија предизвика корона-скандал

    Една фотографија од одмор во Јужен Тирол предизвика политички скандал во Германија поради непочитување на мерките за коронавирус. Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер позирал без маска…

  • Бесплатни телефонски линии за селектирање и собирање отпад

    Бесплатни телефонски линии за селектирање и собирање отпад

    ЈП Водовод и канализација – Скопје во рамки на кампањата „Заштити го канализацискиот систем – биди одговорен, однесувај се совесно“ ги повикува граѓаните да го…

  • Кинеските апликации трн во око на Америка

    Кинеските апликации трн во око на Америка

    Соединетите држави во средата соопштија дека сакаат да отстранат повеќе кинески апликации за паметни телефони од продавниците за апликации во САД и да ги спречат…