6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНова теорија на заговор: Во маски за лице скриена 5G антена

Нова теорија на заговор: Во маски за лице скриена 5G антена

Теориите на заговор кои се шират низ целиот свет се прилично луди, но се чини дека во последно време се интензивираат со порастот на глобалната несигурност, па дури и паниката поврзана со коронавирусот.

Веќе имавме можност да прочитаме некои теории кои ја поврзаа 5G технологијата со ширењето на оваа зараза, кои секако немаат основа во реалноста. Го вклучија во приказните и Бил Гејтс, и вакцини и чипирање на луѓе и најверојатно сите „зла“ за кои теоретичарите можат да смислат.

И тогаш, кога мислите дека сте виделе и слушнале сè што човечкиот мозок е способен да измисли во ирационален страв од непозната технологија, се појавува нова теорија. Деновиве се шири на социјалните мрежи, а вели дека металната жица, која е вградена во хируршки заштитните маски за лице, и која може да се прилагоди на носот – всушност е 5G антена!

Ниту еден од теоретичарите кои веруваат во ова и ставаат такви информации не објаснуваат како функционира таа антена (станува збор за само парче жица), но тие се „сигурни“ за што станува збор. Според нив, владите ширум светот ги принудуваат луѓето да носат маски за да можат да ги следат а потоа да ги тестираат, вакцинираат и чипираат.

Имајќи на ум колку е бизарна и луда оваа теорија, ќе дадеме и можност дека некој ја започнал од шега, а потоа на социјалните мрежи паднала на плодно тло. Таму брзо се рашири меѓу оние кои се подготвени да веруваат дека зад се што е лошо што ни се случува, стојат имагинарните „тие“, Сорос, Гејтс, масони, светска доминација која чипува луѓе или луѓе-гуштери. Или сите тие заедно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП